Украински извори за „Киев пост“ тврдат дека балистичката ракета „кинжал Х-47М2“, била лансирана заедно со седум крстосувачки ракети. Нападот вклучуваше ИЦБМ лансиран од рускиот регион Астрахан, аеробалистичка ракета „Кх-47M2“ истрелана од авион „МиГ-31К“ во Тамбовска Област и седум крстосувачки ракети „Кх-101“ лансирани од бомбардери „Ту-95МС“ во близината на Волгоградската Област

Нов елемент во равенката за руско-украинската војна

Русија лансира интерконтинентална балистичка ракета! Оваа вест вчера силно одекна во светската јавност, а беше пренесена на порталите од многу светски медиуми. Тревога за опасност беше прогласена низ цела Украина. Според изјава на официјални лица на украинските воздухопловни сили, интерконтиненталниот проектил бил лансиран од Астраханската Област во Руската Федерација. Киев ја обвини Москва за лансирање интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) за време на нападот изведен вчера врз градот Днепар. Како што е наведено во информацијата, Москва го користи ова оружје со долг дострел за првпат за време на војната. „Ројтерс“ во свој коментар објави дека „лансирањето на интерконтиненталната ракета дошло откако Украина употреби американски и британски ракети неделава за да нападне цели во Русија“ .
Украински извори за „Киев пост“ тврдат дека балистичката ракета „кинжал Х-47М2“ била лансирана заедно со седум крстосувачки ракети. „Нападот вклучуваше ИЦБМ лансиран од рускиот регион Астрахан, аеробалистичка ракета „Кх-47M2“ истрелана од авион „МиГ-31К“ во Тамбовска Област и седум крстосувачки ракети „Кх-101“ лансирани од бомбардери „Ту-95МС“ во близината на Волгоградската Област.

Во нападот на руските сили вчера рано наутро врз украинскиот град Днепар бил оштетен еден индустриски објект (фабрика) и биле предизвикани два пожара. низ Украина сѐ уште е во сила воздушна тревога. Најголемиот украински приватен производител и дистрибутер на електрична енергија, компанијата ДТЕК, пријави итни прекини на електричната енергија во регионите Киев, Одеса, Днепропетровск и Доњецк. Во врска со тоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не изјави речиси ништо на редовниот брифинг со новинарите. Според британски „Гардијан“, ова е првпат во конфликтот да се споменува употреба на оружје со долг дострел што може да носи конвенционални или нуклеарни боеви глави. Р.С.