Русија и Украина разменија меѓусебни обвинувања за можни напади.
Украина планира утре да изврши артилериски напади на територијата на нуклеарната централа „Запорожје“ од Никопол, тврди денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
– Единиците на 44-та артилериска бригада на украинските вооружени сили планираат на 19 август да го нападнат СИ Запорожје од градот Никопол – изјави Конашенков, пренесе Тас.
Тој нагласи дека вината за евентуалните напади ќе падне на руските вооружени сили.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска е во Украина, кој се очекува да се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски и турскиот претседател Таип Ердоган, кои исто така се во посета на Киев.
Според Конашенко, украинското раководство постојано шири гласини дека руските војници ја окупирале оваа нуклеарна централа и ги гранатираат вооружените сили на Украина од артилериски системи со долг дострел, покривајќи се со нуклеарни оружја, пренесува Спутник.
– Го обрнуваме вниманието на фактот дека руските војници немаат тешко вооружување ниту на територијата на станицата ниту во околните области. Таму има само безбедносни единици – рече портпаролот.
Тој додаде дека вооружените сили на Русија ги преземаат сите неопходни мерки за обезбедување на безбедноста на нуклеарната централа Запорожје.
Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски, изјави дека Украина се подготвува за руски ракетен напад врз Киев, кој треба да се случи на 24 август, на Денот на независноста.
Арестович нагласи дека ова е акција која има за цел да убие што е можно повеќе цивили и со тоа да го уништи украинскиот празик.
– Во случај на напад, таму ќе им биде многу полошо – предупреди Арестовиќ.
Инаку, Украина ниту ја потврди ниту негираше вмешаноста во серијата неодамнешни експлозии на Крим, додека Русија тврди дека тие биле резултат на саботажа.