Русија треба веднаш да му пружи медицинска помош на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е во затвор две години и чие здравје е влошено, соопшти денеска германската Влада.
– Со голема загриженост добивме информации за критичната здравствена состојба на Алексеј Навални – изјави денеска портпаролката на германската Влада Кристијане Хофман.
Според неа, она што се случува во Навални може да им се случи на сите оние кои во Русија го креваат својот глас против власта на Владимир Путин.
Навални во средата изјави дека има симптоми на грип и оти му била одбиена соодветна медицинска помош.