Како резултат на нападот на нашата земја, Украина, руското раководство всушност ја претвора својата држава во аналог на таканаречените „ДНР“ и „ЛНР“. На голема зона која е изолирана од целиот свет, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата.
– Погледнете сега кој ја напушта Русија. Кој го изнесува својот бизнис. Тоа се професионалци кои можат да се справат со глобалниот пазар. Тоа се ИТ луѓе кои не сакаат да живеат во област каде што воопшто нема слобода. Тоа се бизнисмени кои чувствуваат дека се ќе им биде одземено кога раководството ќе посака. Тоа се уметници кои знаат дека креативноста на територија на која човечкиот живот е безвреден е исто така безвредна. Русија губи мозоци. Губи таленти. Губи пари – рече Зеленски во обраќањето кое го пренесе украинската Амбасада во Скопје.
Тој додаде дека се одржал итен состанок на Херсонскиот регионален совет при што 44 пратеници ја утврдиле, а одлуката дека Херсонската област е Украина „и на ниту една псевдорепублика ѝ нема место таму“.
Зеленски исто така информира дека вчера функционирале сите хуманитарни коридори, при што успешно се евакуирани 12.729 лица.