Фото: Принт-скрин

Руското Министерство за одбрана прогласи прекин на огнот со цел да се овозможи евакуација на цивилите од Мариупол.

Хуманитарниот коридор од Мариупол до Запорожје преку пристаништето Бердјанск ќе биде отворен во 10 часот по локално време.

– За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме таа да биде спроведена со директно учество на Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Меѓународниот комитет на Црвениот крст – се наведува во соопштението руското Министерството за одбрана.

Исто така се додава дека е договорено Киев да се отворат четири нови хуманитарни коридори од Мариупол до Запорожје.


Преговорите меѓу Русија и Украина продолжуваат утре

Русија и Украина ќе ги продолжат своите онлајн мировни преговори на 1 април, изјави висок украински функционер, по завршувањето на последната рунда разговори во Турција.

Украинскиот преговарач Дејвид Арахамиа објави дека Украина предложила лидерите на двете земји да се сретнат, но дека Русија одговорила дека треба повеќе да се работи на нацрт-договорот.

Официјален Кремљ вчера соопшти дека нема „напредок“ во разговорите на завојуваните страни во Истанбул.

Оценката доаѓа по претходната и пооптимистичка изјава на главниот руски преговарач Владимир Медински, кој рече дека Киев покажал подготвеност да ги прифати главните руски барања, вклучително и откажување од членството во НАТО, но истакна дека позицијата на Москва за Донбас и Крим останува непроменета.