Русија ја повлекува ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (ЦТБТ) поради неодговорниот однос на САД кон глобалната безбедност, изјави денеска претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент, Вјачеслав Володин.
– Поради безбедноста на нашата земја ја повлекуваме ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарните тестови – истакна Володин пред расправата и гласањето за отповикување на ратификацијата.
Володин потенцира дека Русија го ратификувала Договорот во 2000 година, додека Вашингтон не го направил тоа поради својот „неодговорен однос кон глобалните безбедносни прашања“.
– Руската Федерација ќе направи се за да ги заштити своите граѓани и да ја одржи глобалната стратешка еднаквост – додаде Володин.
Русија ја повлекува ратификацијата, но ќе остане потписник и ќе продолжи да соработува со ко-потписничките и со глобалниот систем за мониторинг, кој го предупредува светот за секое тестирање.