Руските сили извршија ракетен напад на територијата на Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, во украинскиот град Виница.
-Денеска, 25 март, околу 16:30 часот, руските окупатори извршија ракетен напад врз територијата на командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина во Виница. Русите истрелаа вкупно шест крстаречки ракети. Некои од нив беа соборени од единиците за противвоздушна одбрана. Остатокот погоди неколку згради, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата – објави Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Фејсбук.