Exchange for dead soldiers
Фото: ЕПА

Русија и предаде на Украина тела на илјада загинати украински војници, а прими тела на 31 загинати руски војници.

– Денеска е спроведена репатрација. Илјада тела, кои според Русија, се загинати украински војници, вратени се во Украина – соопшти украинската Агенција за воени заробеници.

Киев во средината на септември соопшти дека презела 1.000 тела на загинати војници, како и во јули и во август.

Од почетокот на месецот Русија и Украина разменија по 185 воени заробеници.

Размената на телата на загинатите војници и воени заробеници се единствените резултати од преговорите помеѓу Киев и Москва по повеќе од 3,5 години од почетокот на војната во Украина.