Првиот патен мост меѓу Русија и Кина, преку реката Амур, долг 1.080 метри, отворен е денес во градот Благовешченск во руската област Амур, пренесува РИА „Новости“.
Овој меѓународен патен мост го поврзува Благовешченск со градот Хеихе во Кина. Церемонијата се одржа преку телеконференција од студија во Москва, Владивосток, Пекинг, локации во Благовешченск и Хеихе, а гувернерите на регионот Амур и кинеската провинција Хеилонгјанг Хуа Чангшенг беа на спротивните брегови.
Изградбата на граничниот премин Благовешченск-Хеихе преку реката Амур започна во декември 2016 година во областа Благовешченск во регионот Амур и се изведуваше истовремено на двата брега.
Мостот беше планирано да биде отворен во ноември 2020 година, но поради тешката епидемиолошка состојба, пуштањето во употреба на објектот беше одложено.
Изградбата на мостот чинела 19 милијарди рубљи или околу 320 милиони долари. Должината на мостот е 1.080 метри, а според проектот секојдневно преку него ќе можат да поминуваат 630 камиони, 164 автобуси и 68 автомобили.
– Отворањето на првиот автомобилски мост на реката Амур меѓу Русија и Кина и започнувањето на товарниот сообраќај ќе ја зголеми трговската размена меѓу двете земји на околу 200 милијарди долари – изјави денеска рускиот амбасадор во Пекинг Андреј Денисов.
– Русија и Кина буквално градат мостови, не ги уништуваат – рекол Денисов.