Руските државни истражители соопштија дека ги истражуваат извештаите од руските медиуми во кои се тврди дека експерти за саботажа од британските специјални сили САС се распоредени во западна Украина.
Руската новинска агенција РИА Новости цитираше извор од руските безбедносни сили дека околу 20 членови на САС биле испратени во Лавов – пренесува Скај Њуз.
Британското Министерство за одбрана засега одби да даде коментар.