Marco Rubio
Фото: ЕПА

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави  дека не очекува пробив во преговорите во Истанбул меѓу Украина и Русија, кои испратија делегации.

– Сакам да бидам искрен. Немаме големи очекувања за тоа што ќе се случи утре – изјави Рубио пред новинарите по разговорите на НАТО во Анталија.