Русија изврши ракетен напад со нов проектил со среден дострел врз украинска воена локација како одговор на украинските напади во изминатите денови со западно оружје со голем дострел. Тоа го изјави претседателот Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата.
Путин додаде дека по нападот врз Русија со западни ракети, конфликтот во Украина доби глобален карактер.
Путин изјави дека неговата земја тестирала нова ракета со среден дострел во денешниот напад против Украина и предупреди дека Москва може да ја искористи против земјите кои му дозволиле на Киев да истрела нивни проектили на руска територија.
– Неговото кодно име е Орешник – нагласи тој.
Путин во телевизиско обраќање до нацијата рече дека денешниот руски напад врз Украина е одговор на украинските напади на почетокот на оваа недела на руска територија со британски и американски ракети.
Рускиот лидер најави дека Русија ќе издаде однапред предупредувања пред нападите врз други земји за да се овозможи безбедно евакуација на граѓаните. Тој предупреди дека американските ПВО системи нема да бидат способни да пресретнуваат руски ракети.