Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за доделување Орден за храброст на Дарја Дугина, која загина во терористичкиот напад на 20 август, соопшти прес-службата на Кремљ.
-За храброста и несебичноста покажана во извршувањето на професионалната должност, се доделува Орден за храброст на Дарија Александровна Дугина, дописник на акционерското друштво Царград медиа, Москва (посмртно)“ – се вели во документот.