Рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор му рекол на германскиот канцелар Олаф Шолц дека пристапот и ставот на Германија и Западот кон Украина е „деструктивен“ и го повикал Берлин да го преиспита својот однос, соопшти Кремљ.
Путин посочил дека „политичката и финансиската поддршка“ од западните сојузници на Украина „води до фактот дека Киев целосно ја отфрла идејата за било какви преговори“.
Како што пренесоа руските медиуми, Путин истакнал дека и на Русија треба да и се дозволи да учествува во истрагите, како што навел, за терористичките напади врз гасоводот Северен тек во Балтичкото Море.