Рускиот претседател Владимир Путин го одликува американскиот актер Стивен Сигал со Орден за пријателство, се вели во документот објавен на руската веб-страница за правни информации.
Според претседателскиот указ, на Сигал му беше доделена награда за придонес во развојот на меѓународната културна и хуманитарна соработка.
Сигал е специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни односи меѓу Русија и САД – потсетува ТАСС.