Месина Денаро/Фото: Принтскрин

Во сицилијанското село Кампобело ди Макара, откриено е второто скривалиште на мафијашкиот бос Матео Месина Денаро.

Тоа скривалиште се наоѓа на само еден километар од првото во Виа Сем Вито во Палермо, каде Денаро ги минал последните месеци во бегство, пренесува „Кориере дела Сера“.

Второто засолниште е еден вид блиндирана соба и во него се пронајдени даночни сметки, дневен распоред и здравствени документи на Денаро.

Скривалиштето е откриено 48 часа по апсењето на Денаро, благодарение на доверлива истрага. Во него биле пронајдени празни кутии, па се претпоставува дека некој ги испразнил откако Денаро бил уапсен.

Главниот обвинител на Палермо, Маурицио Де Лусија, рече дека и ова ќе биде предмет на истрага.