„Волстрит журнал“
Шефот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, планирал да ги уапси двајца од највисоките руски воени функционери во саботата, кога го започнал бунтот, објави Волстрит журнал.
Според извештаите, заговорот на Пригожин вклучувал апсење на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов за време на нивната посета на пограничната област, пренесе „Си-ен-ен„.
Се додава дека Федералната служба за безбедност (ФСБ) дознала за заговорот два дена пред таа да се случи, принудувајќи го Пригожин да ги промени своите планови во последен момент и наместо тоа да маршира кон Москва.