Ракетен напад предизвика голем пожар во складиште на нафта во централна Украина, објави претставникот на воената администрација на регионот Дњепропетровска, Валентин Резниченко.
– Криви Рих беше нападнат со проектили. Голем пожар избувна во магацинот за нафта. Пожарникарите се на терен – напиша Резниченко на Телеграм.
Тој додаде дека се уште е познато дали има жртви, а исто така не се знае степенот на уништувањето.