Иако иницијативата „Правен штит на БРИКС“ засега нема амбиција директно да им се спротивстави на западните санкции, таа би воспоставила алтернативна платформа каде што членките на БРИКС „нема да се соочат со каква било дискриминација што може да го неутрализира ефектот на западните санкции“ (како во случајот со Русија)
Иницијатива во БРИКС што би им се спротивставила на западните санкции
Официјални информации од членките на БРИКС за јавноста откриваат иницијатива за воспоставување т.н. „правен штит“ против западните санкции во рамките на асоцијацијата на земјите од БРИКС. Всушност тој т.н. „правен штит“ би обезбедил помош за земјите од БРИКС заеднички да ја одбранат својата правна и политичка позиција за прашањата што ги надгледуваат министерствата за правда на меѓународни собири. Исто така, иницијативата „правен штит“ против западните санкции во рамките на асоцијацијата на земјите од БРИКС би можела на граѓаните на оваа асоцијација да им помогне во судењето на граѓанските случаи, олеснување на постапката за признавање и извршување на судските одлуки, како и создавање нов арбитражен центар. Ваквата иницијатива, според претставници од БРИКС, може да се спроведе со „ревидирање на постојните меѓународни договори или потпишување нови договори“. Според портпаролот на БРИКС, повеќето земји членки на асоцијацијата веќе ги поддржаа ваквите мерки на билатералните состаноци.
Иако иницијативата „Правен штит на БРИКС“ нема засега амбиција директно да им се спротивстави на западните санкции, тој би воспоставил алтернативна платформа каде што членките на БРИКС „нема да се соочат со каква било дискриминација што може да го неутрализира ефектот на западни санкции“ (како во случајот со Русија).
„Правниот штит“ на БРИКС е втора крупна идеја во рамките на споменатата асоцијација. За потсетување, првата сериозна иницијатива беше – „воспоставување заедничка валута“, која би му парирала на доларот како доминантна светска валута. Преговорите во врска со првата фаза од оваа иницијатива, популарно наречена „дедоларизација“, односно создавање платен систем во рамките на БРИКС, сè уште се во почетна фаза, но билатералните и мултилатералните договори во рамките на асоцијацијата, би можеле многу скоро да ја формираат основата на платформата за валута. Р.С.