Пожарот во складиштето за нафта во Севастопол на полуостровот Крим, предизвикан од напад на беспилотно летало, е локализиран. Тоа го соопшти гувернерот на Крим назначен од руските власти, Михаил Развозаев.
An oil depot is on fire in Sevastopol after being hit by a drone in the early morning. pic.twitter.com/ll8zY2v8a2
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 29, 2023
Нема повредени, но оштетени се четири цистерни.
Инцидентот се случи еден ден откако Русија истрела повеќе од 20 крстосувачки ракети и два беспилотни летала кон Украина, при што загинаа повеќе од 23 лица. Речиси сите загинаа во ударот на две ракети врз станбената зграда, а меѓу загинатите има и три деца.
Ова не е првпат цели на Крим да бидат погодени од украински беспилотни летала, а властите во Киев со месеци подготвуваат офанзива за да ја вратат контролата врз полуостровот, кој уште во 2014 година беше окупиран од Русите.