Нуклеарна електрана „Запорожје“/Фото: Енергоатом

Гранатирањето од страна на украинските вооружени сили предизвика пожар во индустриската зона во близина на нуклеарната централа Запорожје, кој е локализиран, соопштија денеска претставници на централата.

– Како резултат на артилериското гранатирање од страна на украинските вооружени сили во областа на нуклеарната централа Запорожје, избувна пожар во индустриската зона. Благодарение на брзите и координирани акции на екипите за итни интервенции, пожарот во индустриската зона е локализиран – се наведува на Телеграм каналот на нуклеарната централа.

Како што е соопштено, нема закана за безбедното функционирање на нуклеарната централа, а радијацијата измерена во индустрискиот комплекс на централата и во зоната за набљудување е „во границите на природните вредности“.

– Таа е во согласност со нормата и не претставува опасност за населението или животната средина. Следењето на состојбата со радијацијата се спроведува континуирано- се додава во соопштението.

Во соопштението се наведува дека за време на гаснењето на пожарот, руски спасувачки тим бил нападнат со дрон од страна на украинските вооружени сили, но во нападот немало жртви.

Нуклеарната централа, која се наоѓа во близина на градот Енергодар, била изградена од Советскиот Сојуз, на јужниот брег на езерото Каховка на реката Дњепар.

Пред руската инвазија врз Украина, централата била управувана од „Енергоатом“, која управува со три други украински нуклеарни централи. Руската војска ја зазеде нуклеарната централа на 4 март 2022 година, со која продолжи да управува украинскиот персонал, под руска контрола, до март 2022 година, од кога со централата управува руската компанија „Росатом“.