Повеќе од 500 војници денеска се на пат за Романија како дел од зајакнувањето на присуството на НАТО во регионот, соопшти француската војска.
– Нашето присуство треба да ги смири нашите сојузници на теренот, тоа естратешкото значење на нашето распоредување – изјави францускиот генерал Пол Санзеј. Тој додаде дека војниците одат во базата на НАТО и немаат мисија да одат во Украина.
Распоредувањето на француски војници како дел од операциите на НАТО беше најавено пред руската инвазија на Украина.