Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска пристигна во нуклеарната централа Запорожје, каде ќе го процени ризикот од нуклеарна катастрофа.
Украинската државна компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“ објави дека поради руското гранатирање затворен е еден од двата преостанати реактори во функција, додека Москва тврди дека спречила украинските сили да ја заземат нуклеарната централа.
Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно во градот „Запорожје“, на 55 километри од нуклеарната централа, изјави дека знае дека има „засилени воени активности“ во областа, но исто така нагласи дека ќе го посети објектот.