Фото: Принт-скрин

Јапонската и јужнокорејската крајбрежна стража трагаат по осум членови на екипажот на товарниот брод што во текот на ноќта потона во Кинеското Море, југозападно од Јапонија.

– Досега се спасени вкупно 14 членови на екипажот – изјави утринава портпаролот на јапонската крајбрежна стража.

Единаесет од нив биле во несвест, соопшти јужнокорејската крајбрежна стража.

Националноста на спасените членови на екипажот не е позната. Тие биле пренесени до пристаништето Нагасаки, на југозападот на Јапонија. Џин Тиан, товарен брод регистриран во Хонг Конг, издаде SOS сигнал доцна навечер во вторникот по јапонско време.

На помош дошле три комерцијални бродови кои се нашле во близина.