Шефот на суданската армија, генерал Абдел Фатах ал Бурхан и водачот на паравоените сили за брза поддршка (РСФ), Мохамед Хамдан Далаго, денеска се договорија за седумдневно примирје.
Прекинот на огнот ќе почне од утре, 4 мај, соопшти Министерството за надворешни работи на Јужен Судан.
Британските медиуми пренесуваат дека двете страни се согласија да назначат претставници за мировните преговори, на што инсистираше јужносуданскиот претседател Салва Киир.
Властите на Јужен Судан претходно понудиле да посредуваат во преговорите меѓу конфликтните страни.
Борбите во Судан влегоа во третата недела и досега се убиени повеќе од 500 лица, додека околу 100.000 мораа да ја напуштат земјата, објавија претходно Обединетите нации.