Шест американски сојузни држави прогласија вонредна состојба откако тропската бура Хелена го погоди југоисточниот дел на САД.
Вонредна состојба е прогласена во 61 од 67 окрузи на Флорида и во 159 окрузи во Џорџија. Вонредна состојба е прогласена и во Алабама.
Предупредување е издадено за 60 милиони луѓе во 12 сојузни држави.
Невремето пристигна до брегот како ураган од четврта категорија, и иако изгуби на интензитет, обилните дождови и силните ветрови предизвикаа голема штета на домовите и инфраструктурата