Полската полиција вчера уапси поранешен министер за внатрешни работи и неговиот заменик во претседателската палата, во ескалирачкиот конфликт меѓу шефот на државата и новата полска влада.
Мариуш Камински и неговиот заменик Мациеј Воншик во декември беа осудени на две години затвор за злоупотреба на службената положба.
– Ве известуваме дека согласно судската наредба приведени се лицата – соопшти полицијата на социјалната мрежа „Екс“.
Обвиненијата против Камински и Воншик се нови елементи во спорот кој веројатно ќе биде еден од многуте за време на кохабитацијата на владата и претседателите од различни политички табори.
Премиерот Доналд Туск претходно го обвини претседателот Анджеј Дуда дека ја попречува правдата, откако во палатата беа видени двајца пратеници кои требаше да бидат затворени.
Новиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински коментираше дека „сите се еднакви пред законот“.
Стотици демонстранти се собраа пред претседателската палата на покана на националистичката партија Право и Правда (ПиС), чии членови се Камински и Васик.