Финска и Шведска ќе учествуваат на денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин. На средбата се очекува да аплицираат за членство и претставници на двете земји.
Интересот од Финска и Шведска се зголеми откако Русија ја почна специјалната воена операција Украина. Инаку, овие две земји со децении се со неутрален статус, од времето на Студената војна.
Инаку, реакција имаше и од Москва, која рече дека влегувањето на која било земја во НАТО ќе го смета за закана. На денешната средба ќе присуствува и Турција.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека не е можно Турција позитивно да гледа на плановите на Шведска и Финска за влез во НАТО, велејќи дека двете земји се дом на многу терористички организации.
Како членка на НАТО, Турција може да стави вето на чекорите за приклучување кон двете земји, пренесуваат медиумуте.
Руските воени дејствија во Украина, можните импликации од војната врз сојузниците, безбедносните ризици и идната одбранбена поставеност на НАТО, како и претстојниот самит на лидерите на Алијансата во Мадрид, ќе бидат во фокусот на разговорите на дводневниот на министрите за надворешните работи на земјите членки на НАТО што денеска и утре ќе се одржи во Берлин, а на кој ќе учествува и шефот на дипломатијата Бујар Османи.
На состанокот се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата.
Како што соопшти МНР, на маргините на состанокот се очекува Османи да оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, како и со други колеги учесници на средбата.