Средбата меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба заврши без договор, како што истакна Кулеба. Двајцата министри се сретнаа во Анталија, Турција, каде што разговараа за повеќе теми, вклучително и за можната средба меѓу претседателите Владимир Путин и Владимир Зеленски.
Средбата на двајцата министри траеше час и половина, а се очекува министрите да одржат одделни прес-конференции.
Кулеба рече дека преговорите со Лавров биле тешки, посочувајќи дека разговарале за хуманитарни коридори и за прекин на огнот, но оти не бил постигнат договор.
На средбата Лавров истакнал дека е подобро да има студен мир отколку студена војна.