САД и другите земји огорчени од воениот конфликт меѓу Русија и Украина поднесоа резолуција за отстранување на Русија од Советот за човекови права на ОН.

Вонредната седница на Генералното собрание на ОН ќе продолжи денеска попладне.

Во нацрт-резолуцијата се наведуваат податоци за „грубо и систематско кршење и злоупотреба на човековите права“ и „кршење на меѓународното хуманитарно право“ за време на војната.

САД, Европската унија, Велика Британија и Канада беа меѓу земјите кои се залагаат за исклучување на Русија.

Фотографиите и видеата од мачени и убиени цивили во Буча, во близина на Киев, откриени по повлекувањето на руските трупи, предизвикаа бес низ целиот свет и ги обновија наводите дека руските сили извршиле воени злосторства.

Русија негираше дека нападнала цивили. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека фотографиите се „исценирани“.