Смртта на Олех Мудрак, командантот на првиот баталјон на украинската единица „Азов“, на својот Инстаграм ја потврди неговиот братучед Данило.
Мудрак помина шест месеци во руско заробеништво и преживеа експлозија во логорот Оленивка. Тој беше ослободен од руско заробеништво во септември минатата година. Неговиот роднина, сепак, не ја откри причината за смртта, пишува „Украинска правда“.
Мудрак го бранеше Мариупол уште во 2014 година, а учествуваше и во жестоки борби за челичарницата „Азовстал“ по почетокот на руската инвазија на Украина. Руските сили го фатија откако украинските сили го напуштија Азовстал, а во септември беше вратен во Украина како дел од размена на затвореници.
Припадниците на единицата „Азов“ и другите единици се предадоа во мај минатата година по повеќе од два месеци држење на својата позиција во големата фабрика за челик „Азовстал“ и одбрана на Мариупол, важен пристанишен град на југот на Украина.
Рускиот режим ја искористи таа единица, поради врските со екстремната десница, како едно од оправдувањата за започнување на специјална операција во Украина.
Веста за смртта на Мудрак на Твитер ја објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. Заедно со изразите на сочувство, тој прикачи и фотографија на која се гледа Мудрак пред и по руското заробеништво.
Oleh Mudrak, commander of Azov’s 1st Battalion, defended Azovstal. Then he went through 6 months of Russian captivity.
Today his heart stopped beating. His nephew wrote: “Oleh lit up the hearts of everyone around him.”
RIP, Hero.
Photos: before and in Russian captivity. pic.twitter.com/jPVDB9JqZ7
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 22, 2023