Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, протерувањето на руски дипломати од европските држави го оцени како „кратковидост“, со што ќе се усложни комуникацијата.
– Стеснувањето на можностите за дипломатска комуникација во ваква невидено тешка кризна ситуација е кратковиден потег што дополнително ќе ја комплицира нашата комуникација потребна за изнаоѓање решение – истакна Песков.
За два дена од земјите-членки на Европска Унија протерани се повеќе од 120 руски дипломати откако во текот на викендот во градот Буча, што е лоциран во близина на Киев беа откриени масовни гробници и безживотни тела на цивили по улиците.
Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Украина и најави реципрочни мерки за протерувањето на дипломатите.