Во Унгарија денеска се одржуваат парламентари избори, што се најголемиот предизвик за премиерот Виктор Орбан по неговото контроверзно 12-годишно владеење.
За разлика од претходните избори, унгарската опозиција формираше обединета коалиција за да го порази 58-годишниот Орбан и неговата партија Фидес.
Според анкетите, Фидес и нивните коалициски партнери имаат тесно водство пред опозициската коалиција од шест партии, но голем дел од 8 милиони регистрирани гласачи на последните анкети биле неопределени.
Тесната трка ја зголеми загриженост дека Орбан нема да игра фер на изборите.
Во досега невиден чекор во членка на ЕУ, ОБСЕ распореди целосна набљудувачка мисија на изборите поради загриженоста за можна изборна измама и користење на државните ресурси со кои владејачката партија ќе добие неправедна предност.
Во меѓувреме, домашните теми во кампањата паднаа во втор план зад војната во Украина која се граничи со Унгарија. Иако Орбан генерално ја поддржува Украина, тој не дозволи оружјето од НАТО за Украина да се испорачува преку унгарска територија, велејќи дека Унгарија треба да остане надвор од војната.
Изборите се одржуваат истовремено со референдумот за ЛГБТ прашања, по критиките дека законот донесен минатата година е хомофобичен.
Референдумот се однесува на прашања за програмите за сексуално образование во училиштата и достапноста на информации за промена на пол за децата.
Гласачките места отворија во 6 утринава, а ќе затворат во 19 часот по унгарско време.