Индискиот лунарен ровер „Прагјан“, кој на Месечината беше истоварен од вселенското летало како дел од мисијата „Чандрајан-3“, ги испрати на Земјата првите научни податоци кои ги менуваат идеите за јужниот пол на Месечината, бидејќи е измерена температура од 70 степени Целзиусови, додека досега постоеше мислење дека може да биде меѓу 20 и 30 степени, соопшти Индиската организација за вселенски истражувања.
Организацијата на платформата „Екс“ (Твитер) соопшти дека се мери температурата на горниот слој на тлото на Месечината околу јужниот пол за да се разбере термичкото однесување на површината на сателитот.
Како што се наведува, роверот е опремен со температурна сонда со механизам што може да ја мери температурата на тлото на Месечината до длабочина од 10 сантиметри.