Фото: Принтскрин/Блиц

Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на момчето убиец К.К.(14), кој го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, денеска во Вишиот суд во Белград беа прогласени за виновни и осудени. Таткото на момчето убиец доби единствена казна затвор од 14 години и шест месеци, додека Миљана е осудена на три години затвор. Исто така обвинетиот инструктор на стрелиштето каде пукаше момчето убиец Немања М е осуден на затворска казна од една година и три месеци.

За потсетување, Владимир Кецмановиќ е обвинет дека несоодветно држел оружје во својот стан, поради што нивниот син К.К успеал да дојде до него, да го однесе на училиште и да изврши невидено злосторство со убиство на девет ученици и еден училишен чувар. Тој се товари дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност, а Миљана за недозволено поседување оружје и експлозивни направи бидејќи на една од чаурите при полициската истрага во училиштето и била пронајдена биолошка трага.

Иако на самиот почеток не беа обвинети за кривичното дело злоупотреба и запуштање на малолетно дете, Вишото јавно обвинителство во Белград во октомври го прошири обвинението. Според обвинението, обвинетите ја занемариле психичката и емоционалната состојба на своето дете за да не реагираат адекватно на чувството кое се развило кај детето – дека е одбиено и неприфатено на часовите што ги посетувал до седмо одделение во ОУ „Владислав Рибникар“. Проширувањето на обвинителниот акт уследи откако момчето убиец, за прв пат по 3 мај 2023 година, кога изврши масовно убиство, ја напушти болницата во која се наоѓа, и во придружба на полицијата со возило на брза помош беше пренесен во зградата на Специјалниот суд во Белград, каде сведочеше во кривичната постапка против неговите родители.