Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека моментално се активни „само 30 отсто од бригадите“ резервирани за контраофанзива.
Тој додаде дека го загрижува недостатокот на воздушна доминација на Украина и супериорните руски борбени авиони и противввоздушна одбрана.
– Сепак, и покрај сето ова, покажавме напредок за време на оваа контраофанзива. Го изненадивме светот, правиме чудо и ја запревме втората најголема нуклеарна сила во светот. Русија е многу силна, но не се сомневам во нашата победа – изјави Порошенко.