Фото: Илустрација/ Пиксабеј

Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК и нејзините сојузници одлучија да го намалуваат производството и во 2025 година за да ги поддржат цените во период на намалена побарувачка и поголема понуда од групата независни произведувачи на чело со САД.

ОПЕК+ го ограничува снабдувањето од 2022 за вкупно 5,86 барели дневно, што одговара на околу 5,7 отсто од глобалната побарувачка. Тие вчера го продолжија за една година, до крајот на 2025, договорот кој предвидува намалување на снабдувањето за 3,66 милиони барели дневно.

Преостанатите 2,2 барели дневно ќе бидат исклучени од пазарот до крајот на септември, објави групата, додавајќи дека е во план нивно враќање во етапи до крајот на септември следната година.

Групата очекува побарувачката по нејзината нафта во втората половина од годината во просек да изнесува 43,65 милиони барели дневно.