Повеќе од 660.000 луѓе ја напуштиле Украина откако почна оружениот конфликт, според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
– Повеќе од 660.000 луѓе ја напуштија Украина откако Русија ја почна инвазијата на таа земја. Сега имаме над 660.000 бегалци кои избегаа од Украина во соседните земји само во последните шест дена – рече портпаролката на УНХЦР Шабија Манто.
Според ОН, најмногу бегалци има во Полска, а потоа следат Унгарија, Молдавија, Романија и Словачка.