Бројот на цивили убиени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари надмина 3.000, соопштија денес од канцеларијата на ОН за човекови права (ОХЦХР)
Од петокот, бројот на загинати се зголеми за 254 или вкупно 3153. ОХЦХР наведе дека вистинската бројка е веројатно значително поголема, нагласувајќи дека е тешко да се добијат податоци и да се потврдат.
Повеќето од жртвите се убиени со експлозивно оружје со голем дострел – во ракетни напади и воздушни напади, соопшти канцеларијата на ОН, без да се препише одговорност.