Евакуацијата на цивилите од Мариупол е одложена, соопшти градскиот совет. Според него, руската страна не го почитувала привремениот прекин на огнот.
-Русите продолжуваат да не бомбардираат, користат артилерија. Ова е лудило – изјави заменик градоначалникот Сергеј Орлов.
– Нема прекин на огнот во Мариупол и нема прекин на огнот долж рутата за евакуација. Нашите цивили се подготвени да бегаат, но не можат да излезат додека продолжува гранатирањето – кажа Орлов.
Во соопштението на градската управа се наведува дека жителите треба да се разотидат и да најдат засолниште, а наскоро ќе добијат и повеќе нови информации.
Градоначалникот на Мариупол претходно за Би-Би-Си изјави дека во тек е гранатирањето на градот и дека на секои три минути паѓа по една граната.