Раководството на руската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, денеска соопшти дека критична инфраструктурна постројка во рамките на објектот била гранатирана од Вооружените сили на Украина.
Раководството на електраната наведува дека експлозивна направа била активирана во близина на оградата каде што се наоѓаат резервоарите за дизел гориво. Оттаму додаваат дека за гранатирањето биле известени експертите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Претходно, во неколку наврати, генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, предупреди на опасноста што произлегува од нападите врз нуклеарната централа.
Русија и Украина, кои се во војна повеќе од две години, меѓусебно се обвинуваат за претходно гранатирање на локацијата, што ги уништи далноводите во централата и ги загрози нејзините дизел генератори, кои се алтернативен извор на енергија за работата на објектот.