Фото: Валентин Резниченко/ фејсбук

Руските напади извршени денеска врз централната украинска област Дњепропетровск направија „сериозна“ штета врз енергетските капацитети, објави шефот на регионот, на вториот ден од интензивните ракетни напади низ Украина.

– Русите истрелаа проектили врз енергетската инфраструктура во областите Павлоград и Камијан. Има сериозно уништување. Многу населени места се уште немаат струја – објави регионалниот гувернер Валентин Резниченко на социјалните мрежи.