Фото: Илустрација

Во Истанбул вечерва одекна нова експлозија, на само два дена по терористичкиот напад во кој загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа ранети, јавија локалните медиуми.

Овој пат станувало збор за експлозија на автомобил-бомба, додаваат медиумите.

Експлозијата се случила во квартот Фатих во Истанбул, а со пламен се зафатени неколку автомобили.

Според првичните информации нема жртви или повредени.