Фото: Нетањаху/инстаграм

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е постигнат напредок во преговорите за заложниците со Хамас во Газа, но дека не знае колку време ќе треба за да се видат резултатите.

За време на говорот во израелскиот Кнесет, Нетанјаху рече дека Израел постигнал „големи достигнувања“ на воен план на неколку фронтови и оти воениот притисок врз Хамас ги навел неговите лидери да ги ублажат нивните претходни барања.

Тој рече дека Израел ја зајакнал својата позиција како „регионална сила“ и планира да го прошири Аврамскиот договор заедно со израелскиот „американски сојузник“.