Фото: Принтскрин / Фејсбук / Бенjамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека на Израел му е потребна голема армија, со резервни формации во нејзиното јадро.

– Резервните сили се фундаментална компонента, клучен елемент. Ни треба голема, силна, а воедно и паметна армија – рече Нетанјаху на конференција со високи резервни офицери, на која присуствуваа и министерот за одбрана Израел Кац и началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, генерал-потполковник Ејал Замир, јави „Тајмс оф Израел“.

Според него, децении пред нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, израелската армија ги затвораше резервните единици, движејќи се кон „мала, паметна“ армија заснована на високо обучена сила од активни регрути.