Иран ќе плати „многу висока цена“ за намерните напади врз израелските цивили, изјави денеска премиерот Бенјамин Нетанјаху за време на посетата на Бат Јам, јужно од Тел Авив, каде што во ирански ракетен напад загинаа најмалку шест лица.
– Ќе ја постигнеме нашата цел и ќе им зададеме тежок удар. Ќе ја почувствуваат силата на нашата рака. Ракетната програма на Иран претставува егзистенцијална закана за Израел. Само помислете што би се случило ако Иран имаше имаше нуклеарно оружје што би можел да го лансира врз израелските граѓани – рече Нетанјаху, пренесува ДПА.
Две деца се меѓу шестемина убиени од иранска ракета што погоди станбен блок во градот денеска во раните утрински часови. Спасувачки екипи во урнатините трагаат по уште седуммина кои сè уште се водат како исчезнати.
Според официјалните израелски извештаи, најмалку 13 лица се убиени, а 390 повредени во иранските напади кои беа изведени како одмазда за израелските напади од раните утрински часови во петокот врз цели во Иран.