Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на Украина сè уште не можат да започнат контраофанзива, која беше планирана за на пролет, нагласувајќи дека на Киев му требаат муниција и борбени авиони.
– Уште не можеме да почнеме, изјави Зеленски во интервју за јапонскиот весник „Џомури“ – пренесува Танјуг.
Тој призна дека ситуацијата на истокот на Украина е лоша, главно поради недостигот на муниција.
– Чекаме муниција од нашите партнери – рече Зеленски.
Според него, руските сили дневно користат три пати повеќе муниција отколку вооружените сили на Украина.