Фото: Принтскрин/Јутуб

На новогодишната ноќ низ Германија едно лице загина, а десетици се повредени, меѓу кои и полицајци. Според германските медиуми, уапсени се стотици лица.
.
Во Кобленц, млад човек (18) загинал кога експлодирала петарда. Лекарите се обиделе со реанимација, но немало помош, соопшти полицијата.

Најмалку 15 полицајци се повредени во напади со огномет низ Берлин, а околу 300 лица се уапсени, пишува германски „Билд“.

Во германската престолнина имало немири во берлинскиот кварт Нојкелн, каде мнозинството од населението е по потекло од Блискиот Исток. Кулминацијата на насилството и судирите со полицијата се случила на Александерплац.

Настанал хаос кога стотици, главно млади луѓе, се нападнале меѓусебно со петарди и новогодишни ракети, насочувајќи ги директно меѓусебе, а потоа кон полицијата.

Една од ракетите прелетала низ прозорецот на домот за стари лица во Нојкелн, при што биле повредени петмина станари на домот. Спасувачите ги изнесоа луѓето завиткани во термо ќебиња од зградата.

Во Франкфурт стотици млади луѓе се собрале фрлале петарди кон другите граѓани, но и кон полицијата. Набрзо пристигнале специјалци кои го растуриле хаотичниот собир. Уапсени се 20 лица.

До 3.000 бунтовници, исто така, се собрале во областа Лајпциг и со камења ја нападнале полициската станица. Полицијата со водени топови ја растерала толпата. Неколку лица се повредени од петарди на Аугустусплац.

Според полицијата, меѓу повредените има и три деца (6, 9, 12). Дете (12) е пренесено во болница со повреда на окото, а еден возрасен е во бессознание.

Во Солинген, полицијата опколила цела станбена област откако демонстрантите ги нападнале органите на редот со пиротехнички средства и камења. Околу стотина луѓе се судриле со полицијата, а пожарникарите ги гаселе запалените барикади откако полицијата обезбедила одредени делови од улицата.