Шефот на израелската безбедносна агенција, позната како Шин Бет, вели дека тој е лично одговорен за недостигот на рано предупредување за нападот на Хамас на 7 октомври.
Во пораката до членовите на агенцијата, Ронен Бар вели: „И покрај серијата акции што ги спроведовме, за жал во саботата не бевме во можност да генерираме доволно предупредувања за да го спречиме нападот“.
– Како лице на чело на организацијата, одговорноста за тоа е моја – вели Бар, додавајќи дека ќе има време за детална истрага.
Неколку часа пред нападот на 7 октомври, израелските безбедносни служби идентификувале невообичаено движење во Појасот Газа, што предизвикало телефонски повик меѓу високи функционери доцна во ноќта, но не сметале дека тоа е причина за загриженост – објави „Тајмс оф Израел“.
Сепак, според извештаите на медиумите, Бар отишол во седиштето на агенцијата и наредил мал тим да биде распореден на границата со Газа, очекувајќи напад од мал обем.
Најмалку 10 членови на Шин Бета беа убиени за време на нападот на 7 октомври, соопшти агенцијата.