Олаф Шолц (инстаграм)

Единствената исправна одлука на ЕУ е да ја награди Македонија за напорите кои ги има сторено на патот кон Унијата, порача германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот ЕУ- Западен Балкан во Тирана.

Шолц ја апострофираше Македонија како земја која мора да биде наградена за своите напори да се приближи кон ЕУ – пренесе „Дојче веле“.

– Сакаме да направиме сѐ, за Македонија да биде успешна во своите напори, и јас сум му многу благодарен за активностите на шефот на владата, кој вложува големи напори за да ги исполни условите кои беа наметнати однадвор. Мора да се каже дека Македонија постигна голем напредок во исполнувањето на критериумите за пристапување и вложува многу напор. Во тој поглед, тоа е единствено исправно – порача Шолц на прес-конференцијата на самитот.

Тој го повтори повикот за побрз влез на земјите од Западниот Балкан во ЕУ.

– Јасно е дека 20 години откако на овие земји им беше дадено ветување за влез, тоа мора и да се случи – рече германскиот канцелар.